Како што пишува „Марка“, Унаи Емери дефинитивно му откажа на Евертон. Според овој извор, Емери ги прекина и преговорите со два клуба од кинеската Суперлига.

Причината за ваков потег е желбата на Унаи Емери да работи со клуб што има можности да освојува трофеи.

Според „Марка“, нова цел на Евертон ќе биде Карло Анчелоти, отпуштениот тренер на Наполи.