Унаи Емери го презеде Арсенал по заминувањето на Арсен Венгер, но не успеа да ги оствари очекуваните резултати.

Поради тоа сезонава тој доби отказ, а на негово место дојде Микел Артета.

„Имаше неколку проблеми. Прва беше ситуацијата со Озил и Колашинац, потоа доаѓањето на Пепе. Не игравме добро, тоа е сигурно. Немаше добри резултати, изостана напредокот, а навивачите се фокусираа на мене и ме избркаа. Меѓутоа, се трудам да ги памтам само убавите моменти, а оние лошите веќе ги надминав“ – изјави Емери.

Арсенал моментално е 10. во Премиер Лига, со четири бода помалку од петопласираниот Манчестер Јунајтед.