Додека јавноста во Лондон се занимава со однесувањето на Гранит Џака, управата на Аренал размислува дали да го отпушти Унаи Емери кој не успеа да го врати клубот во трката за титулата во Премиер лигата.

Островските медиуми прогнозираат дека Емери наскоро ќе се замине од Лондон а за позицијата менаџер на „Емирати“ ќе конкурираат, Масимилиано Алегри како и легендите на „топџиите“, Тери Анри и Патрик Виеира.

Можно во целата мешаница да биде вклучен и Микел Артета кој во моментов е во стручниот штаб на Гвардиола во Сити.