Шпанскиот менаџер, Унаи Емери според британкие медиуми е се поблиск до отказ од  Арсенал кој сезонава далеку е од нивото кое се очекува од нив. „Топџиите“ играат катастрофално и покрај тоа што летово го доведоја Николас Пепе за рекорден трансфер на тимот од Лондон.

Емери истакна дека не обрнува многу внимание на шпекулациите и посочи дека негова работа во моментов е да го подготвува тимот за секој следен натпревар.

„За мене мојата иднина е денес и утре. Мојата работа е да го подготвам тимот за утре и да се насочам само на натпреварот утре, размислувајќи како да го извадам најдобриот настап за тимот. Играме дома пред нашите гледачи, а во моите мисли е нив да им ја понудиме енергијата и се она што го сработивме во изминатиов период овде и на тренинг центарот и да ги израдуваме со нова победа“ –изјави Емери.

Арсенал по 13 кола во Премиер лигата е на осмата позиција со 8 бода заостанување зад четвртопласираниот Челси, место на кое целат „топџиите“ како би обезбедиле пласман во Лигата на шампиони следната сезона.