Бока Јуниорс го совлада Њуелс Олд Бојс со 2-0 во меч во кој резултатот на пресметката на двата поранешни клубови на Диего Марадона остана во втор план во емотивната вечер на култната „Ла Бомбоњера“.

Без навивачи на трибините, на стадионот присутна беше само ќерката на Марадона, Далма во придружба на нејзиниот сопруг.

Стадионот беше декориран со голем број на транспаренти посветени на Марадона, а играчите на Бока носеа ретро дресови на кои пишуваше „Марадона“.

Двоен стрелец на мечот беше Едвин Кардона, а по водечкиот гол фудбалерите на Бока се упатија кон Далма, која седеше на во ложата од каде нејзиниот татко гследуваше натпреварите на Бока, го спуштија дресот и аплаудираa долго време.

Тавез, скршен од болка поради смртта на Марадона, не се појави на теренот,