Емре Џан се вклопи одлично во тимот на Борусија Дортмунд, а на последниот меч против Менхенгладбах, Германецот беше најдобар поединец кај „милионерите“.

Џан за германските медиуми изјави дека имал понуд и од Англија кои ги одбил.

Имав  три понуди од Англија, меѓу кои беше и Манчестер Јунајтед. Сепак, ни секунда не се двоумев да ги одбија поради историјата која ја имав со Ливерпул. Од секогаш сум ја сакал Борусија Дортмунд. Сакав да одам во клуб во кој ќе се чуствувам важен дел од тимот“-изјави Џан.

Емре настапуваше во Ливерпул во периодот од 2014 до 2018 година, а претходно играше за Баер Леверкузен и Баерн Минхен во кои ја започна кариерата.