Капитенот на Шпанија Серхио Рамос имаше кошмарна вечер во саботата на гостувањето кај Швајцарија во Лигата на нации, прекинувајќи ја импресивната серија од 25 реализирани пенали со две промашувања од белата точка.

Селекторот Луис Енрике застана на страната на капитенот, истакнувајќи дека Рамос и во иднина ќе остане главен пеналџија на „црвената фурија“.

Рамос имаше фантастичен рекорд на реализирани пенали. Тој е еден од најдобрите изведувачи и останува да биде изведувач на пеналите за Шпанија. Ако имаше трет или четврти пенал на мечот, Рамос повторно ќе ги иззведеше“,истакна рече Енрике.

Рамос ги промаши двата пенали во вториот дел при водство на Швајцарија од 1-0, но , на крајот, сепак, избегна пораз благодарение на голот на Морено во 89 минута.