Управата на Манчестер Јунајтед најверојатно ќе мора да купува нов централен бек откако Ерик Баи денеска се повреди во дуелот со Тотенхем.

Првичните прогнози се дека 25 годишниот стопер нема да може да игра фудбал до крајот на оваа календарска година. Настрадале лигаментите на коленото во дуелот со Сон и поради ова го чекаат најмалку шест месеци рехабилитација.

„Не изгледа добро, утрешните прегледи и скенирања ќе покажат но не изгледа добро.“ – изјави Солскјер.

Баи и по доаѓањето во Манчестер имаше неколку неверојатни партии и повеќе повреди. Во меѓувреме управата на Јунајтед се обидува да го купи Мегвајер од Лестер поради формата на Џонс и на Смолинг и поради честите повреди на Баи и на Рохо.