Дефанзивецот на Тотенхем, Ерик Даер ќе биде суспендиран за следните четири натпревари во Премиер лигата и ќе мора да плати казна од 40 000 фунти поради инциндентот од дуелот со Норвич одигран во март во ФА Купот.

Даер бил снимен како се обидува да стигне до еден од навивчите на Тотенхем со желба физички да се пресмета со него.

Мурињо тогаш се обидуваше да го оправда однесувањето на неговиот фудбалер тврдејќи дека Даер само сакал да го заштити неговиот помал брат.