Најголемото засилување на Интер во зимскиот преоден рок, Кристијан Ериксен синоќа за прв пат беше дел од големото дерби „Дела Мадонина“. „Не ја добивате таа атмосфера во Премиер лигата“.

Нероаѕурите по неверојатен пресврт славеа со 4-2, а Данецот за „Ла Газета дело Спорт“ изјави дека е импресиониран од атмосферата на „Меаца“ која беше исполнета до последно место. с

„Првото полувреме беше тешко, но начинот на кој дојдовме до победата е специјален. Навивачите на Интер направија неверојатна атмосфера. Целиот банер кој се наоѓаше на трибината изгледаше спектакуларно. Тоа кога ќе го видите ви дава мотив и енергија да даде и повеќе од што можете без разлика на резултато“- напомена Данецот.

Ериксен  малку фалеше синоќа да се запише во листата на стрелци, откако во вториот дел од слободен удар од над 30.метри ја погоди само пречката на Донарума.