Повеќе од јасно е дека Кристијан Ериксен ќе има повеќе опции во јануарскиот преоден рок ако остане доследен на желбата да го напушти Тотенхем.

Германските медиуми тврдат дека репрезентативецот на Данска добил конкретна понуда од Баерн Минхен за трансфер во зимскиот преоден рок. Со ова Реал Мадрид и Јувентус кои исто така сакаат да го ангажираат Данецот добиваат сериозна конкуренција во името на баварскиот гигант.

За Ериксен има интерес и од повеќето клубови од Англија, пред се поради неговата цена. Ериксен има договор со Тотенхем до јуни 2020 година и поради ова, зимскиот преоден рок е последна шанса за тимот од Лондон да заработи барем 25 милиони евра (иако минатото лето за него бараа 150 милиони евра.)