Данскиот репрезентативец, Кристијан Ериксен решил да им приреди мало но важно изненадување на неговите соиграчи, еден ден откако бил пуштен од болница.

Ериксен пристигнал во тренинг центарот каде што Данска се подготвува за следните предизвици и потоа се појавил на тренингот.

На ова неговите согирачи реагирале позитивно но и збунето, затоа што не им било вакво нешто најавено. Тренингот бил веднаш прекинат а потоа сите заедно ручале и имале можност да наздрават за здравје на Ериксен.

Норгард изјави дека посетата на Ериксен позитивно влијаела на целиот тим и донале добра енергија која им била потребна.