Најголемото засилување во зимскиот преоден рок на Интер, Кристијан Ериксен, наводно, позитивно го изненади тренерот Конте со формата која ја презентирал на тренинзите.

„La Gazzetta dello Sport“ тврди дека поранешниот играч  на Тотенхем го убедил Антонио Конте за време на  тренинзите да се најде во првиот тим на Интер кој за една седмица го очекува реванш мечот против Наполи од Купот на Италија. Тоа воедно ќе биде и прв меч во Италија по тримесечна пауза, поради Коронавирусот.

Весникот открива дека Ериксен ќе се најде зад Лукаку и Мартинез во формација 3-4-1-2. Интер на „Џузепе Меаца“ ќе брка негатива од 1-0 која ја има Наполи по првиот меч. Дуелот се игра на 13.јуни, а само четири дена подоцна победникот од овој двомеч ќе игра во големото финале со подобриот од дуелот Јувентус-Милан.