Кристијан Ериксен дојде во Интер на барање на тренерот Антонио Конте, потоа не се „разбраа“ најдобро, Данецот често беше на клупата со мала минутажа.

Сепак работите се сменија во финишот на сезоната а и можеби под притисок на навивачите, Ериксен добиваше добра минутажа, враќаше со одлична игра и голови, сега работите се поинакви.

Во изјава за Газета Дело Спорт, Ериксен вели дека ја сфатил филозофијата на Конте, дали ќе остане, не зависи се од него.

„Сега е поинаку, ја сфатив филозофијата на Конте, среќен сум во Интер со него како тренер, пред шест месеци имав можност да си заминам, но сè се промени и сега сакам да останам“, вели Ериксен.