Кристијан Ериксен  следната недела ќе се врати во Интер за да направи тестови, по што ќе дознае дали ќе игра повеќе за Италијанскиот клуб.

Ериксен доживеа срцев удар во 1.коло на Евро, на мечот меѓу Данска и Финска, по што беше опремен со дефибрилатор. Сега му претстојат тестови по кои лекарите ќе одлучат дали може да игра фудбал во Серија А, но и на највисоко ниво. Како што стојат работите, тој најверојатно ќе мора да паузира минимум уште шест месеци, дури и ако тестовите се во ред.

Ако тестовите се во ред, тој сепак ќе чека најмалку шест месеци за да игра
Минатата сезона, Ериксен му помогна на Интер да ја освои Серија А за прв пат од 2010 година, по што се приклучи на подготовките на Данска за ЕП.

Неодамна, директорот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Франко Браконаро, зборуваше и за Кристијан Ериксен и неговата кариера. Тој објасни дека Данскиот репрезентативец може повторно да игра во Италија само доколку се покаже како целосно здрав и доколку го отстрани дефибрилаторот вграден во неговото тело.