Играчот за врска на Тотенхем, Кристијан Ериксен и натаму сака да го напушти лондонскиот клуб и покрај промената на клупата и доаѓањето на Жозе Мурињо, пишува британски „Телеграф.“

На Данецот договорот му истекува на крајот од сезоната и не планира да потпише нов, па веќе во јануари ќе може да преговара со друг клуб за да може во јули да премине во тој без обештетување.

Интерес за Ериксен покажаа Реал Мадрид, Јувентус и Интер ки би го донеле и во зимскиот рок за мининална цена.