Зимското засилување на Интер, Кристијан Ериксен мораше по прџза постапка да бара нова локација за сместување откако хотелот во кој живееше по трансферот од Лондон е затворен поради кризата со Коронавирусот во Италија.

Од Интер веднаш раагирале и нашле ново решение за сместувањето на Данецот кој ќе остане во карантин како и сите останати во Италија.

Италијанските медиуми најавија дека наскоро ќе бидат познати повеќе детали околку точната бројка на заразени со Ковид-19 кои партиципираат во „фудбалскиот свет“ на Апенините.