Кристијан Ериксен зимава го засили Интер со кои Данецот сака да го освои „Скудетото“. Данскиот интернационалец пристигна од Тотенхем пред 10.дена и веќе на два меча настапи за тимот на Антониот Конте.

„Долго време Јувентус е доминантен, а тоа беше предизвик плус за мене да дојдам во Интер и да им ги помрсиме сметките. Дојдов да направам разлика и да стигнеме до трофејот во Серија А. Мораме да бидеме константни во победите како Јувентус, ако сакаме да ги симнеме од врвот“-изјави Ериксен.

Интер во моментот има негатива од три бода во однос на Јувентус, но во трката за титулата сезонава е и Лацио кои имаат идентичен број на бодови како „нероаѕурите“, но и натпревар помалку.