Данецот Кристијан Ериксен во интервју кое го организираше фудбалската федерација одговараше на повеќе прашања, меѓу другото зошто не игра стандардно во Интер.

Ериксен  брзо, кратко и јасно одговори на прашањето, адресата каде треба да се добие одгвор е тренерот на Интер.

„На ова прашање треба да ви одгвори тренерот на Интер, јавете му се и прашајте го зошто не играм, тој ги носи сите одлуки и негова е одговорноста“ – изјави Ерикесен во Данска.

Навивачите на Данска се нервозни поради  слабата форма на Ериксен кој често е наклупата за резерви кај Интер.