Свен-Горан Ериксон смета дека Симоне Инзаги би можел да ги повтори неговите успеси со Лацио, кој во 2000 година последен пат беше на тронот на Италија.

Римјани изминатиот викенд го совладаа Интер со 2: 1 и уште повеќе се вклучија во трката за шампионската титула со екипите на Јувентус и Интер.

„Верувам дека Лацио ќе го освои Скудетото. Нивните први 11 се посиилни од онои на Интер и Јувентус. Тие исто така имаат поголема самодоверба и се поцврсти од другите. Тие играат подобар фудбал од кој било друг тим во Италија. Го имаат најдобриот среден ред во Италија, без сомнение.  Тоа е срцето и силата на Лацио “-изјави Швеѓанецот.

Кога Лацио ја освои последната титула во Серија А во 2000 година, Ериксон беше тренер, а Инзаги беше дел од напаѓачкиот дел на тимот.