Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, во 2022 година ќе биде фудбалер на Јувентус.

Така тврди La Gazzetta dello Sport и додава дека трансферот ќе чини 75 милиони евра. Овој трансфер ќе го овозможи блискоста на агентот на Халанд, Мино Рајола, со раководството на Јувентус.

Халанд овој јануари дојде во Борусија од Салцбург и веќе успеа да постигне 11 голови на 8 средби.