Академија Пандев во дебитантскиот настап во Европа Лигата ќе се соочи со Зрињски од Мостар, БИХ. Македонија Ѓ.П  и Шкупи добија противници од Ерменија.

Академија Пандев ќе игра на домашен терен на првиот натпревар против Зрински, тоа е добра можност за поволен резултат по првите 90 минути од овој двомеч.

Македонија Ѓ.П.  на првата средба  ќе биде   гостин против Алашкерт од Ерменија, додека Шкупи, исто така на гости  се среќава со Пјуник, тим од Ерменија кој има гостувано во Македонија.

Првите натпревари се играат на 11 јули, реванш средбите се на програмата седум дена подоцна.