Фудбалерите на Шкендија денеска се израдуваа на убедлива победа во дербито на колото од ПМЛФ против Македонија ЃП.

Со ова клубот од Тетово го задржи првото место на табелата и покажа едно сосема поинакво лица, вели тренерот на Шкендија, Ернест Ѓока.

„Ова е Шкендија која сите сакаме да ја видиме, ова беше денот за да им се вратиме на победите. Денешниот наш противник, Македонија ЃП игра одлична сезона. Среќен сум што постигнавме голови преку сите фудбалери во напаѓачката линија.“ – изјави Ѓока.

Во следното коло Шкендија ќе му гостува на Борец.