Шкендија даде се од себе, постигна еден гол но загуби од Тотенхем со 3:1 во 3 коло од евроквалификациите.

Предводникот на Шкендија, Ернест Ѓока беше задоволен од тоа што го виде на „Тодор Проески“ и истакна дека е горд на неговите избраници.

„Во овој натпревар влеговме со многу емоции против еден гигант во анлскиот и евроспкиот фудбал. Јас сум многу задоволен од тоа како одигравме со и без топка. Добивме многу од овој натпревар, бевме рамноправни во поголемиот дел од мечот, на моменти бевме и подобри. Со оглед на тоа како игравме, горд сум на моите играчи.“ – изјави Ѓока.