Ешли Јанг ќе го замени Лук Шо по неговата повреда која ја заработи на натпреварот против Кристал Палас. Ова е одлуката на Солскјер кој на оваа позиција во одбраната може да смета и на Рохо.

Левиот бек на Манчестер Јунајтед ќе биде еден месец надвор од терените по здобиената повреда во првото полувреме од натпреварот во третото коло на Премиер лигата. Според првите прогнози на докторите, Шо има повреда на десното колено.

По ваквите информации, јасно е дека Солскјер нема да може да смета на Шо за натпреварите против Саутемптон, Лестер и Вест Хем, но и селекторот на Англија, Герет Саутгејт за квалификациите од Евро 2020.