Диего Коста би можел до крајот на овој преоден рок да го напушти Атлетико Мадрид, а „ЕСПН“ пишува дека еден од главните кандидати за негов нов клуб се наметнува бразилски Фламенго.

Атлетико наводно е подготвен да го продаде 30-годишниот напаѓач, кој изминативе недели се поврзуваше со Волверхамтон и Евертон.

Во играта за неговите услуги се приклучува и бразилскиот великан. Тие се подготвени да го донесат Коста, но проблем им претставува неговата плата.

Имено, Диего заработува 8,5 милиони евра во Атлетико, а Фламенго не може да плати ниту приближно до овој износ.

Коста пак, смета дека се уште може многу да направи во Европа и најверојатно нема да се одлучи за оваа понуда.