Премиерлигата денеска на љубителите на фудбалот им ја нуди една од најинтересните пресметки сезонава во која актуелниот првак Ливерпул му гостува на Манчестер сити на „Етихад“.

„Црвените“ влегуваат во двобојот со надеж доополнитлно да ја зголемат предноста во горниот дел на табелата и со триумф да ја вратат лидерската позиција.

По неколкуте бледи партии и катастрофалниот пораз од 7-2 од Астон Вила, четата на Јирген Клоп повторно се враќа на вистинската патека и покрај отсуството на клучната алка во одбраната Вирџил ван Дајк.

Денешната пресметка на „Етихад“ може да има клучна улога во конечниот изглед на табелата сезонава во Премиерлигата што носи дополнителна возбуда.

Без оглед на отсуството на Ван Дајк, многумина од аналитичарите на Островот гледаат во Ливерпул фаворит, меѓутоа статистиката покажува нешто друго.

„Граѓаните“ ги добија последните три пресметки со Ливерпул на „Етихад“ со вкупни 11-1. Ливероул има три порази со 2-1, 5-0 и последниот со 4-0.