Поранешниот напаѓач на Реал Мадрид и на Барселона, Самуел Ето ја прокоментира формата во која игра новото засилување на „Кралевите“. Според Ето, Еден Азар наскоро ќе го достигне левелот на Меси.

„Азар треба да ја освои Златната Топка. Не беше доволно ценет до сега но откако се пресели во еден од  најдобрите клубови на светот, сите очи ќе бидат вперени кон него. Тој е блиску до Меси и се надевам дека кога ќе игра против Барселона нема да биде на 100% од неговите можности.“ – изјави Ето.

Камерунецот истакна дека евентуалнтото враќање на Нејмар во Барселона ќе биде одличен потег и за проектот на каталонците но и за самиот играч.