Поранешниот репрезентативец на Камерун,Самуел Ето имаше можност во кариерата да игра и за Жозе Мурињо (Во Интер) и за Пеп Гвардиола (Во Барселона).

Напаѓачот успеа да освои повеќе трофеи во двата клуба а во изјава за „Спортбајбл“ вели дека и нема друг како Мурињо.

„Јас сум повеќе за стилот на фудбал кој го негува Мурињо отколку оној на Гвардиола, го преферирам фудбалскиот поглед на Мурињо. Секако, Пеп е одличен тренер, но можам да ви кажам дека не постои друг, тренер, менаџер кој може повеќе да ве мотивира како фудбалер од Мурињо.“ – изјави Самуел Ето.

Ето и со Гвардиола и со Мурињо дојде до трофејот од Лигата на шампионите.