Самуел Ето во изјава за „Би-Би-Си“ ја објасни ситуацијата во која се наоѓа Мохамед Салах и што тој треба да направи ако сака дополнително да напредува во кариерата.

„Ако Салах сака да игра во најдобрата лига на светот, односно во Ла лига тој мора да потпише за Барселона. Мислам дека таму најдобро ќе се снајде. Реал ми даде шанса да заминам од Африка но стилот на Барселона мислам дека подобро ќе му „лежи“ на Салах“ – вели Ето.

Салах минатата сезона ја освои Лигата на шампионите со Ливерпул по што следуваат низа шпекулации дека ова лето ќе го промени клубот. Засега напаѓачот на „црвените“ јавно нема потврдено дека размислува да го напушти „Енфилд“.