Поранешниот напаѓач на Барселона Самуел Ето е категоричен дека каталонците треба да донесат млад напаѓач кој ќе го замени Лионел Меси.
Според Камерунецот, Меси веќе старее, и на Барса и треба нова крв.
„Знам дека Меси може да и даде на Барселона уште неколку години, но тој старее. Клубот треба да мисли на иднината. Би обрнал внимание на Мбапе и Мукоко“, порача Ето за Мундо Депортиво.
Пред неколку месеци, 16-годишниот Јусуф Мукоко почна да тренира со Борусија Дортмунд, а дебитираше во „жолто – црниот“ дрес против Херта во 8 коло на Бундеслигата.
Мукоко, како и Ето, е роден во Камерун.
Comments are closed for this post.