Европското првенство во фудбал, кое започна синоќа со натпреварот Италија – Турција во Рим, каде „азурите“ славеа со убедливи 3-0, продолжува денес со преостанатите натпревари од групата А, и групата Б.

Велс – Швајцарија (15 часот)

Со денешната програма ќе се отвори дуелот на Швајцарија и Велс на Олимпискиот стадион во Баку.

Како и многу пати досега, многу во Велс ќе зависи од формата на Герет Бејл и Арон Ремзи, но двајцата сигурно ќе имаат голема помош во ликот на младиот Даниел Џејмс, а ги има уште Хари Вилсон, Бен Дејвис, Ампду и други.

Швајцарците влегуваат во овој дуел како фаворити, а први sвезди на тимот се  Џака, Шаќири , Сеферовиќ, Емболо и не треба да ги забораваме новите sвезди на оваа селекција како Аканџи  и Елведи, од кој ќе Петковиќ се обидува да го извлече максимумот од ова евро.

Данска – Финска (18 часот)

Данска не спаѓа во редовите на селекции кои се фаворити на Евро, но неодамна покажаа  дека се многу силен тим. Шмајхел на голот, Ериксен на средина од теренот, Браитваит и Поулсен напред, се гаранција дека овој тим може да направи проблеми за секого.

Од друга страна, тие ги имаат , Финците, чиј резултат најмногу зависи од формата на Пуки, чии голови го однесоа овој тим од северот на Европа на континенталниот фестивал. Данците денес се дефинитивно големи фаворити.

Русија – Белгија (21 часот)

Селекторот на Белгија, Роберто Мартинез нема да ги има на располагање сите најдобри играчи во Санкт Петербург, Де Бруин и Азар се повредени, а Лукаку ќе го предводи тимот на овој натпревар. Сепак, Белгија има сили да го освои првото место во групата.

Од друга страна, Русите ќе се обидат да го искористат домашниот терен, селекторот Станислав Черчесов успеа да собере силен тркачки тим  со одличниот Артем Џуба како sвезда во нападот.