Италија и Велс од 18 часот го играат натпреварот од последното коло од групата А на Европското првенство.

Со двете победи во првите две кола, Италијанците обезбедија премин во групата, како и Велшаните, кои само теоретски можат да останат без втор круг.

Овие две екипи играат за првото место. Победникот во групата оди во второпласираната селекција од групата Ц (Холандија, Австрија или Украина), а второпласираната оди во второпласираната селекција од групата Б, во која членуваат Белгија, Данска, Финска и Русија.

Состави:

Италија: Донарума – Емерсон, Бонучи, Бастони, Толој – Верати, Жоргињо, Песина – Киеза, Белоти, Бернардески

Велс: Вард – Ампаду, Родон, Гинтер – Ц. Робертс, Ален, Морел, Н. Вилијамс – Бејл, Ремзи, Џејмс