Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, ја повика УЕФА да размисли, ЕУРО 2021 да се одржи во една земја и тоа неговата.

Англија е подготвена да биде домаќин на континеталниот собир во 2021 година, иако треба да се одржи во 12 различни градови, премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон, бара од УЕФА да ја смени одлуката.

„Англија е дом на фудбалот, мислам дека тоа би била фантастична работа за целата наша држава“, изјави Џонсон за медиумите во Англија.

Македонија е во група со Украина, Австрија и Холандија, своите мечеви е предвидено да ги игра во Букурешт и Амстердам, ова доколку УЕФА не се предомисли.