Европското сениорско фудбалско првенство на кое Македонија ќе дебитира на големите натпреварувања, најверојатно ќе се игра во 12 градови како што беше и првичниот план на УЕФА.

Ова е последната информација која е поврзана со континенталниот собир, на кој Македонија два од трите натпревари во групната фаза, поконкретно против Австрија на 13 јуни и против Украина на 17 јуни треба да ги игра на „Националната Арена“ во Букурешт, Романија додека против Холандија на 21 јуни да истрча на стадионот во Амстердам.

Според последната најава од Романија, за дуелите на „Националната Арена“ ќе има дозвола за 12 000 навивачи, што значи дека Македонија можно е да добие поддршка од трибините.

Во меѓувреме од УЕФА го отфрлиле предлогот од Англија, да биде домаќин на ЕУРО 2021.