Македонија го запиша и вотриот пораз на ЕУРО со што ги загубивме сите шанси за плсман во следната рунда, Украина не совлада со 2-1, со головите на Јармоленко и Јаремчук во првото полувреме, погодија во 29 и 34 минута.

Ншата селекција одигра подобро второ полувреме, изнудивме пенал по прекршокот врз Пандев, а Алиоски од втора намали на 2-1 во 57 минута.

За одбележување е и пеналот за Украина кој го одбрани Димитриевски во 83 минута, шутираше Малиновски.

КОМПЛЕТЕН ИЗВЕШТАЈ ОД НАТПРЕВАРОТ ШТО ГО СЛЕДЕВМЕ ВО ЖИВО:

Аврамовски игра со рака, пенал за Украина, Столе Димитриевски го брани шутот на Малиновски во 83 минута !

Циганков со зицер во 73 минута, за среќа промашува, останува 2-1 за Украина…

По пеналот врз Горан Пандев, Македонија намали на 2-1 во 57 минута, реализираше Езџан Алиоски од втора !

Украина го доби првиот дел со 2-0, со головите на Јармоленко и Јаремчук во 29 и 34 минута, доминираа и заслужено стигнаа до голема предност по 45 минути игра.

Нашиот противник првото полувреме го заврши со 59 % посед на топка, 11 шута по нашиот гол, четири директни…Ние шутнавме само 3 пати, и ниту еднаш не го погодИвме голот.

Јармоленко ја доведе репрезентацијата на Украина во водство во 29 минута, по корнерот, одлично се снајде во нашиот шеснаесетник и погоди за 1-0.

Украинците диктираа темпо и игра, засега имаат 65 % посед на топка.

Украина имаше три шанси досега во првите 15 минути од средбата, жестоко притискаат, Македонија се брани, Столе Димитриевски со две интервенции, една блокада на Стефан Ристовски.

Македонија и Украина го започнаа натпреварот од второто коло на Ц-Групата на ЕУРО. Исклучително значаен натпревар за двете селекции, победа е императив за нашиот национален тим.

Украина и Македонија се среќаваат по трет пат, а прв пат на европските првенства. Досега Украина на официјални средби има две победи ( 2-0 и 1-1 на ЕУРО квалификации), одигравме и две пријателски на кои 2004 година ја совладавме украинската репрезентација со 1-0 во Скопје, а во 2003 година на гости одигравме натпревар без голови.