Напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд, објасни зошто премина во својот нов клуб и ги одби останатите кои беа заинтересирани за неговите услуги во вој преоден рок.

„Раководството на Борусија ми кажа дека има потреба од мене, дека им се допаѓа мојата игра и дека ме сакаат во екипата. Имавме добар разговор, после кој се заинтересирав за клубот. Подоцна почувствував дека си одговараме со Борусија“. – изјави Халанд.

Борусија на Ред Бул Салцбург му плати 20 милиони евра. Уште 10 милиони евра доби таткото на фудбалерот, а дури 15 милиони евра отидоа кај неговиот агент – Мино Раиола.