Ливерпул сезонава игра феноменално и е на 6 победи од првата шампионска титула по 30 години.

Притоа, Ливерпул до крајот на сезоната може да собори дури 8 рекорди во Премиер лигата.

1. Најдолга победничка серија

Рекордот му припаѓа на Манчестер Сити од сезона 2017/18 – 18 победи едноподруго во Премиер лигата.

Ливерпул може овој рекорд да го собори на 29 февруари против Ватфорд.

2. Најдолга серија без порази

Рекордот му припаѓа на Арсенал од сезони 2002/03-2004/5 – 49 средби без пораз.

Ливерпул може да го надмине овој рекорд на 11 април против Астон Вила.

3. Број на победи во сезона

Рекордот му припаѓа на Манчестер Сити од сезони 2017/18 и 2018/19 – 32 победи во сезона.

На Ливерпул му недостигаат уште само 8 победи.

4. Број на бодови освоени во една сезона

Рекордот му припаѓа на Манчестер Сити од сезона 2017/18 – 100 бода.

На Ливерпул му недостигаат уште 27 бода.

5. Број на гостински победи во една сезона

Рекордот му припаѓа на Манчестер Сити од сезона 2017/18 – 16 победи.

Ливерпул може да го надмине овој рекорд на 2 мај против Арсенал.

6. Број на домашни победи во една сезона

Рекордот им припаѓа на Челзи (2004/5), Манчестер Јунајтед (2010/11) и на Манчестер Сити (2011/12 и 2018/19) – 18.

Ливерпул може да го собори овој рекорд на 9 мај против Челзи.

7. Број на денови без пораз

Рекордот му припаѓа на Арсенал од сезони 2002/03 – 2004/05 – 537 дена без пораз.

Ливерпул може да го надмине овој рекорд на 17 мај против Њукасл.

8. Најголема бодовна разлика во однос на второпласираниот

Рекордот го има Манчестер Сити од сезона 2017/18 – 18 бода.

Ливерпул моментално веќе има разлика од 22 бода.