Изгледаше дека Ливерпул има идеална сезона, беше блиску да сруши многу рекорди, а потоа се падна како кула од карти – Ливерпул загуби три од последните четири средби, испадна од ФА Купот, а во опасност му е и понатамошниот настап во Лигата на шампионите, бидејќи има негативен резултат од првата осминафинална средба со Атлетико.

Нешто не трга наопаку, секогаш може да се загуби натпревар. Рецептот за излегување од оваа ситуација е едноставен – треба да сме единствени, сплотени и да им се свртиме на следните предизвици“, вели искусниот Адам Лалана.

Лалана откри и што им кажа тренерот Јирген Клоп веднаш по поразот од Челзи.

„По средбата во соблекувалната владееше разочарување. Клоп влезе и на сите ни кажа дека ако дојдете на ваков стадион и не сте 100 % подготвени и правите грешки – ќе бидете сигурно казнети. Но, ни кажа и дека не е крај на светот и дека не чекаат нови големи натпревари“.

Следните две средби Ливерпул ќе ги одигра на „Енфилд“. В сабота доаѓа Борнмут, а в среда Атлетико Мадрид.