Екипата на Евертон е прв фаворит за потписот на фудбалерот на Јувентус, Адриен Рабиот и покрај интересот за Французинот од Манчестер Јунајтед.

Поранешната ѕвезда на ПСЖ во Торино пристигна минатото лето како слободен агент, но не успеа да се избори за место во стартните единаесет кај Маурисио Сари.

Неговото доцнење со враќањето во Италија по укинувањето на мерките, дополнително ја налути управата на „Старата дама“ која по секоја цена сака да се ослободи од него. „Тутуспорт“ тврди дека Евертон е многу блиску до договор со Рабиот, каде ќе соработува со Карло Анчелоти.

Покрај „карамелите“ интерес за него од поодамна имаат Манчестер јунајтед, Арсенал, Њукасл Јунајтед.