Англискиот фудбалски клуб Евертон започна преговори со Кристал Палас за крилниот напаѓач Вилфрид Заха, објави „Скај Спортс“.

„Карамелите“ се подготвени да платат 60 милиони фунти за репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска и да добијат играч од ростерот на Евертон

Арсенал оваа лето се обиде да дојде до Заха, но неговата понуда од 40 милиони фунти беше експресно одбиена од управата на Кристал Палас.

Лондончани го проценуваат својот фудбалер на 80 милиони фунти, но тешко дека можат да добијат толку пари.

Заха на одиграни 323 натпревари за Кристал Палас има постигнато 53 погодоци.