Ковид-19 проблемот во Астон Вила продолжува да ги менува плановите на ФА и распоредот во Премиер лигата.

Поради големиот број на заразени со Ковид-19 во Астон Вила и затоа што сеуште мора да бидат во изолација, натпреарот закажан за 17 јануари на „Гудисон Парк“ со Евертон е официјално одложен.

Најверојатно овој натпревар ќе се игра на 23 јануари, ако се биде во ред со играчите на Астон Вила каде во моментов десетмина имаат позитивен тест.


Претходно Астон Вила не го одигра и дуелот со Тотенхем поради Ковид-19 заразата а против Ливерпул во ФА Купот настапи со младинскио тим.