Поранешниот репрезентативец на Франција, Курт Зума е во потрага по нов клуб откако Лампард му потврди дека нема да добива редовна шанса во почетниот состав на Челси.

Агентот на Зума веќе добил неколку конкретни понуди а според „Л`Екип“ надобри биле тие на Евертон и на Лестер. „Карамелите“ се фаворити за Зума кој претходно играше како позајмен на „Гудисон Парк“.

Централниот дефанзивец има можност да се врати и во Франција каде што Лион и Монако ја следат целата ситуација, но ова е помалку изгледно сценарио.