Поранешниот скаут на Евертон, сега дел од Лестер, Стив Волш откри шокантни информации поврзани со тррансфер страгетија на Евертон за време неговото работење во штабот на „Карамелите“.

„Додека бев во Евертон им ги нудев Ендрју Робертсон и Хари Мехваер за 20 милиони фунти, цена на која беше согласен Хал. Имаа можност да го купат и Ерлинг Халанд за 4 милиони фунти,се беше договорено со неговиот татко но Евертон не сакаше да ги има во своите редови.“ – изјави Волш.

Халанд во моментов е еден од најперспективните млади напаѓачи во Европа, Мегваер стана најскапиот стопер во светот по трансферот летово во Јунајтед додека Ендрју Робертсон, сега член на Ливерпул е најдобриот лев бек во Премиер лигата и меѓу најдобрите во Светот.