Сопственикот на Евертон, Фрхад Мошири е цврсто решен да ја зголеми популарноста на клубот со помош на ангажман на светски познато име.

Островски „Мирор“ тврди дека поранешниот напаѓач на Челси, Диего Коста е прва транфер цел на Евертон. Коста е на продажба по лошата епизода во Атлетико Мадрид откако во минатата сезона постигна само 14 гола а имаше и низа проблеми со суспензии.

Во моментов единствен проблем за Евертон може да преставува висината на платата која ја бара Коста но едно е јасно, доколку Коста се врати во Премиерлигата, популарноста на Евертон значително ќе порасне.