Поранешниот дефанзивец на Вардар, Евгениј Новак од денеска е ново засилување за украинскиот прволигаш и учесник во Лигата на Европа, Колос од Ковалевка.

Новак денеска беше официјално презентиран како ново засилување на екипата која има високи амбиции во новата сезона.

Украинскиот интернационалец стави потпис на двегодишен договор со Колос.

Тој вчера со пост на социјалните мрежи се поздрави со ФК Вардар и навивачите и порача дека секогаш ќе навива за црвено-црните.