Бреша утринава му врачи отказ на тренерот  Евгенио Корини, а неговото место се очекува да го превземе Диего Лопез.

Ова значи дека Корини по втор пат е сменет од тренерската позиција во Бреша, која ја водеше до месеце во ноември и само по еден месец беше вратен како прв тренер на тимот од Ломбардија. Причина за ова се катастрофалните резултати сезонава кои Бреша ги бележи.

Според италјанските медиуми, Диего Лопез веќе ги договори условите со раководството на Бреша и наредните 24. часа ќе биде претставен како нов тренер.