Стефан Ристовски и Стефан Спировски се единствените наши играчи кои ќе играат во групната фаза во Европа лигата.

Ристовски со Спортинг ќе игра во Групата Д, противници се екипите на ПСВ, Розенборг и ЛАСК, силна група во која тимот на нашиот репрезентативец не е аутсајдер.

Ференцварош на Спировски за противници ги доби екипите на ЦСКА Москва, Лудогорец и Еспањол.

Во конкуренцијата Л, Партизан од Белград ќе игра со Јунајтед, АЗ Алкмар  и Астана.