Манчестер Јунајтед со гол од пенал во првото полувреме го победи Партизан во Белград и ја запиша втората победа во третото коло во Европа лигата.

Единствениот гол е дело на Марсијал во 43 минута од средбата за важни три бода на тимот од Манчестер. Партизан го запиша првиот пораз. Јунајтед е лидер со 7 бода пред АЗ Алкмар кој има 5 бода по денешната победа над Астана со 6-0.  Партизан е трет на табелата со 4 бода, Астана нема бодови.

Рома во дербито на конкуренцијата Ј во Рим испушти над Борусија Менхенгладбах, средбата заврши со 1-1, Заниоло погоди во 32 минута, израмни Штиндл во 93 минута од натпреварот.