Шкендија попладнево на арената „Тодор Проески“ во Скопје го пречекува Дуделанж од Луксембург, натпревар од  второто квалификациско коло во Европа Лигата.

Македонскиот шампион брзо ја заврши „авантурата“ во Лигата на шампионите, сега гледа шанса преку Европа Лигата да го поправи впечатокот.  Тимот од Тетово е апсолутен фаворит во двомечот со Дуделанж но тоа мора да го потврди на теренот.

Шкендија доколку го пројде Дуделнаж во третото квалфикациско коло можно е да се сретне со Номе Калју кој беше подобар во првото квалифкациско коло во Лигата на шампионите. Тренерот Ќатип Османи повика на сериозност, максимална посветеност на вечерашната средба.

„Анализиравме и увидовме дека грешката е во нас за елиминацијата во ЛШ. Мислам дека сега сме подобро подготвени. Ќе има промени во тимо но пред се во пристапот со кој ќе се обидеме да го добиеме мечот. На утрешниот натпревар од првата минута ќе стартува и Филипе.“ – изјави Ќатип Османи, тренерот на Шкендија.

Натпреварот Шкендија – Дуделанж кој е прв од двомечот во 2 коло од квалификациите во Лига Европа ќе се игра денеска на „Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 17:55.